Заев очекува во јуни или јули датум за преговори со ЕУ
![Заев очекува во јуни или јули датум за преговори со ЕУ](https://gdb.rferl.org/DFFF9B66-F8FC-487A-A402-56DF1C745124_w800_h450.jpg)
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува во јуни или јули земјата да добие зелено светло за отпочнување преговори со ЕУ. Според него, реформите се спроведени и се што било зацртано во Планот 18, а претходно одобрено од ЕК, а останува Законот за јавно обвинителство за кој верува дека има напредок и дека наскоро ќе биде утврден.
Тој порача и дека Преспанскиот договор и сето она што се случило во земјата е сериозна мотивација за отпочнување на преговорите меѓу ЕУ и Македонија.
„Можно е да се случи јуни-јули, тука да се помести, но во ниту еден случај заради нас, во ниту еден случај заради кои било други причини, освен заради тоа што ова година токму сега се случуваат изборите за Европскиот парламент, посочи Заев.