Река повика на масовна излезност на вториот круг од изборите
Кандидатот за претседател на Алијансата на Албанците и на БЕСА, Блерим Река на Фејсбук ги повика граѓаните масовно да излезат на гласањето на вториот круг од изборите. Тој порача дека не сака да тргува со гласовите на граѓаните и дека нема да ги убедува за кого да гласаат, бидејќи, како што посочува, на нив е да донесат одлука кого од двајцата кандидати ќе поддржат.
„Трговијата со вашите гласови е спротивно со мојот концепт за Републиката, особено со нејзиниот главен столб владеење на правото. Зашто тогаш се потребни избори, ако како досега во вториот круг за вашите гласови одлучуваат партиските лидери како обични трговци со гласовите на народот? Од моја страна, јас би ве замолил да на 5 мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите евроатланскиот процес“, напиша Река