Коцијанчич: Граѓаните масовно да излезат во вториот круг од претседателските избори
Го видовме извештајот на меѓународните набљудувачи, каде што е направена широка позитивна проценка за досегашниот тек на претседателските избори. Со големо внимание ги следиме настаните во Северна Македонија. Првиот круг помина непречено и транспарентно, изјави портпаролката на ЕК, Маја Кочијанчич, во интервју за ТВ Клан Македонија, потенцирајќи дека сега за вториот круг е многу важно граѓаните да излезат масовно на избори и да го исполнат своето изборно право.
Таа на политичките партии им праќа порака дека треба да обезбедат транспарентен процес, во согласност со меѓународните стандарди, и да се погрижат за политички стабилност на земјата.