Деркоски: ДИК подготвена за вториот круг од изборите
![Деркоски: ДИК подготвена за вториот круг од изборите](https://gdb.rferl.org/D0BA387B-7C98-4C2D-957A-8B8AA83A48AF_w800_h450.jpg)
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски денеска изјави дека без никакви проблеми биле доставени сите изборни материјали до сите изборни комисии и комисијата е подготвена за вториот круг од претседателските избори.
Утре, како што наведе, ќе гласаат 1.640 затвореници, како и околу 4.540 лица пријавени како болни и немоќни и седум раселени лица. Вкупно акредитирани лица за вториот круг на претседателските избори се 4.250 лица. На денешната седница на ДИК биле прифатени и пет приговори од граѓани за остварување на право за гласање.