Сеул: Вашингтон и Пјонгјанг да ги продолжат преговорите за денуклеаризација
![Сеул: Вашингтон и Пјонгјанг да ги продолжат преговорите за денуклеаризација](https://gdb.rferl.org/FFEF567B-2EDC-4925-AA49-14B3CDB7CFB1_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Официјален Сеул побара од САД и Северна Кореја да го продолжат дијалогот за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, објавија автските новински агенции, повикувајќи се на информациите во локалните медиуми.
„За да се состанат двете страни и да имаат продуктивни разговори, очигледно е дека е потребна флексибилност за да се постигне 5/3/2019 Јужна Кореја ги повика САД и Северна Кореја да го продолжат дијалогот за денуклеаризација“, рече министерката за надворешни работи на Јужна Кореја, Канг Кјунг-ва на прес-конференција.
Процесот за денуклеаризација на Корејскиот полуостров беше прекинат по неуспешните преговори на Вашингтон со Пјонгјанг во февруари минатата година, кога американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го напуштија вториот самит без да постигнат конкретен договор.