Заврши Самитот во Кабул, талибанците го отфрлија мировниот договор
Со повик за мир со талибанците и ветување дека ќе бидат ослободени 175 талибански заробеници пред Рамазан, денеска заврши Генералното собрание во Авганистан, објавија новинските агенции.
Самитот, што го свика претседателот Ашраф Гани, се одвиваше под силни безбедносни мерки, во голем шатор во кој околу 3.200 верски лидери, политичари и претставници на етнички и племенски заедници разговараа за можен договор.
Сепак, според соопштение што денеска е објавено, талибанците ги отфрлиле предлозите за прекин на огнот, истакнувајќи дека прво мора САД и НАТО да се повлечат од земјата.