Димитров: Има мала конфузија во читањето на пораките од Берлинскиот самит
![Димитров: Има мала конфузија во читањето на пораките од Берлинскиот самит](https://gdb.rferl.org/35B92F9F-3DBA-4841-8E51-C0B25B9A6A84_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Многу е тешко некоја земја членка на ЕУ да каже „не“ за македонската приказна во 2019 година, тоа е сегашната ситуација. Врз основа на реформските процеси и врз основа на решавањето на билетаралните спорови оваа година имаме многу силен случај, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров во врска со тоа дали земјата ќе добие датум за почеток на преговори во јуни годинава.
Според него, постои мала конфузија во читањето на пораките од Берлинскиот самит.
„Процесот е секогаш во три чекори - Европската комисија го објавува извештајот, државите го читаат, го анализираат, го споредуваат со свои информации, потоа го разгледуваат во рамките на Советот за општи работи, а потоа во Советот на ЕУ донесуваат политичка одлука“, рече Димитров.
Тој на прославата на 50-годишнината од Министерството за надворешни работи се осврна на историјатот на министерството кое почнало како Биро за односи со странство на 29 април 1969 година, а подоцна прераснало во Секретаријат за односи со странство.