Меј: Резултатите од локалните избори се порака за Брегзит
![Меј: Резултатите од локалните избори се порака за Брегзит](https://gdb.rferl.org/0B438918-ACFF-4618-B450-0B224CB84925_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Вчерашните локални избори беа тешки за Конзервативната партија и резултатот покажа дека Велика Британија мора да продолжи со процесот излегување од Европска Унија, изјави британската премиерка Тереза Меј.
Таа додаде дека ова е тешко време за нејзината Конзервативна партија.
„Пораката од вчерашните избори е јасна и гласи: Само продолжете со Брегзит“, рече Меј.