Полицијата го затворила еден од најголемите илегални маркети на мрежата Даркнет
![Полицијата го затворила еден од најголемите илегални маркети на мрежата Даркнет](https://gdb.rferl.org/1C7B58D3-38A8-4CD6-8653-52538ECD36E8_w800_h450.jpg)
Германската полиција затвори еден од најголемите сајтови за илегална онлајн трговија во така наречената темна мрежа - Даркнет и уапси тројца мажи за незаконско управување, соопштија обвинителите.
Операцијата на Интерпол, холандската полиција и ФБИ доведе до апсење на двајца големи увозници на нелегални наркотици во САД. Незаконското сајт „Вол стрит маркет” дозволувал продажбата на кокаин, хероин, марихуана и амфетамини, како и украдени податоци, лажни документи и малициозен софтвер.
Криптираната платформа имала повеќе од еден милион кориснички профили, повеќе од 5.000 регистрирани продавачи и повеќе од 60.000 огласи за продажба, соопштија обвинители во Франкфурт.