Воздушни напади на Израел врз Газа
![Воздушни напади на Израел врз Газа](https://gdb.rferl.org/12D00D0F-3395-4D56-ABDF-6B32FAFB00A0_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Израелски воени авиони со проектили го гаѓаа појасот Газа, откако палестинските милитанти денеска лансирале ракети кон Израел, велат официјални претставници.
Израелското радио објави дека најмалку 50 ракети биле лансирани во просторот за временски период од околу 30 минути, некои од нив длабоко во јужниот дел на Израел.
Нема зивештаи за жртви од Израел, бидејќи многу од ракетите биле пресретнати.
Здравствени работници од Газа велат дека Палестинци биле повредени во еден од нападите на Израел.
Палестинските напади со ракети следуваат по убиствата во вчерашни израелски воздушни напади на двајца милитанти на исламистичката група Хамас која владее со Газа.
Израелската армија соопшти дека воздушниоте напади биле одмазда за напад со оружје во близина на границата со Газа во кој биле повредени двајца израелски војници.
Исто така, двајца други Палестинци беа убиени на 3 мај од страна на израелските сили за време на неделните демонстрации на границата меѓу Газа и Израел.