Над 12 илјади учесници на скопскиот маратон
Низ улиците на Скопје денеска се одржува 15-от јубилеен Виз Ер Скопски маратон, на кој учествуваат 12.500 натпреварувачи од 58 држави.
Учесниците ќе се натпреваруваат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри. На најкратката трка оваа година пријавени се 9.500 учесници, од кои повеќето од половината се жени.
И оваа година трчаат натпреварувачи од Етиопија и Кенија, а наградниот фонд изнесува 18 илјади евра. Најдобрите во маратонот кои ќе успеат да го освојат бонус критериумот во време, ќе можат да освојат најмногу 5.000 евра. Предвиден е посебен награден фонд за домашните маратонци со цел нивна мотивација, најавија организаторите. За време на маратонот во главниот град има посебен сообраќаен режим.