Зголемени тензии на Корејскиот Полуостров
Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да ја запре акцијата која ја интензивира воената тензија на Корејскиот Полуостров, откако беше објавено дека бил лансиран нов проектил од страна на Пјонгјанг.
Во денешното соопштение, претседателската портпаролка на Јужна Кореја изјави дека Сеул е „многу загрижен“ за лансирањето на пректили од краток дострел од страна на Северот.
„Очекуваме Северна Кореја активно да се вклучи во напорите кон брзото продолжување на разговорите за денуклеаризација“, изјави портпаолката.
Претходно, војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја денеска лансирала повеќе проектили од краток дострел кон Јапонското Море. Поректилите според извештаите слетале во морето.
Белата куќа соопшти дека САД биле „свесни“ за акциите на Северна Кореја и оти ќе продолжи да ја мониторира ситуацијата.
Првичните извештаи велат дека проектилите не биле балистички ракети. Последното лансирање на балистичка ракета се случи во ноември 2017 година.