Одбележана 116-годишнина од смртта на Гоце Делчев
Денеска се одбележува 116-годишнина од загинувањето на револуционорет Гоце Делчев, кој во 1903 година беше убиен од турската војска во селото Баница.
Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата Кочо Анѓушев, денеска присуствуваше на панихидата посветена на годишнина од смртта на Гоце Делчев, шти што беше положено свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Свеченост денеска е организирана и во општина Делчево и Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“, а пред споменикот на револуционерот во центарот на градот свежо цвеќе положи делегација од општината, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓани.