Продолжуваат насилствата во Авганистан
![Продолжуваат насилствата во Авганистан](https://gdb.rferl.org/E605326C-B179-4D21-BCEC-B917C2EE1A5E_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Најмалку седум авганистански полицајце се убиени кога осомниени талибански милитанти нападнаа пункт во текот на ноќта во западната провинција Бадгис, соопштија официјални претставници.
Мохамед Насер Назари – провинциски советник, денеска изјави дека тројца други припадници на безбедносните сили се повредени за време на нападот во областа Кадис.
Талибанците не го коментираа нападот. На други места во земјата, авганистанското Министерство за одбрана во два одделни воздушни напади на коалицијата на 3 мај, убиени се најмалку 43 припадници на групата на Исламската држава во источната провинција Кунар. Во соопштението се вели дека нападите биле насочени против осомничени милитанти на ИД во областа Чапара.
Исто така е наведено дека неутврден број на лица од Узбекистанска и Пакистанска националност се меѓу убиените.
Последните напади доаѓаат еден ден откако Авганистанскиот голем совет, свикан од претседателот Ашрав Гани, заврши со барање за итен прекин на огнот.