Столтенберг го охрабрил дијалогот на Турција и САД за рускиот рактен систем
![Столтенберг го охрабрил дијалогот на Турција и САД за рускиот рактен систем](https://gdb.rferl.org/029CF6C6-1884-4EF6-91A9-FF698E9719F2_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на Анкара изјави дека го охрабрил тековниот дијалог меѓу Турција и САД за рускиот ракетен систем С-400. САД се противат на плановите на Турција за купување на рускиот ракетен систем.
Според Столтенберг, одлуката за воените набавки треба да ја донесат самите земји, но соработката меѓу сојузниците е од витално значење за НАТО во спроведувањето на заедничките операции и мисии. Тој ги охрабрил и разговорите за евентуално купување на американскиот ракетен систем Патриот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неколку пати повтори дека земјата нема да се повлече од договорот со Русија и покрај притисокот од САД.