Пронајдени црните кутии од авионот кој се запали на аеродромот во Москва
Руските истражители ги пронашле црните кутии од остатоците на авионот кој се запали по итното слетување на московскиот аеродром „Шереметјево“, при што загинаа најмалку 41 лице. Според соопштението, истражителите испитуваат неколку причини за несреќата.
Руското министерство за здравство соопшти дека 9 луѓе биле хоспитализирани по несреќата од кои три се во сериозна состојба. Во авионот имало 78 лица вклучувајќи ги и членовите на посадата. Меѓу загинатите е и еден член на посадата и две деца.