Се породи Меган Меркл
Британското кралско семејство доби нов член. Принцот Хари и Меган Меркл добија син, а за тоа јавноста ја известија на социјалната мрежа Инстаграм. Мајката и бебето се во добра состојба е наведено во објавата. Нивното бебе ќе биде осмото правнуче на кралицата Елизабета втора. Принцот Хари веќе одложи дел од планираните кралски должности, во очекување на раѓањето на своето прво дете. Тој пред новинарите изјави дека бебето ќе и го покаже на јавноста преку медиумите за неколку дена.