Утре неработен ден на територијата на Град Скопје
Владата го прогласи утрешниот ден за неработен за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје поради посетата на папата Франциск. Според соопштението на владината прес-служба, со одлуката се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција.
Од Владата им препорачуваат и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката. Дополнително ќе биде соопштено, како што се наведува, кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.