Столтенберг во Анкара на сретна со Ердоган и Чавушоглу
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Средбата се одржала во палатата „Чанкаја“, зад затворени врати, и траела еден час, јавуваат турските медиуми.
Столтенберг на Твитер по средбата на својот Твитер профил напиша дека НАТО е солидарна со Турција која се соочува со сериозни безбедносни предизвици.
На средбата бил присутен и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој по средбата на Твитер информираше разговарале за односите меѓу НАТО и ЕУ и за купувањето на „С-400“ од страна наТурција.
„Разговаравме за подготовките за Состанокот на претседателите на државите и владите на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи во Лондон“, напиша Чавушоглу