Ердоган ја поздрави одлуката за прегласување во Истанбул
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја поздрави одлуката на највисокото изборно тело за повторување на гласањето на локалните избори во Истанбул по победата на опозицијата. Според него, таквата одлука е важен чекор за зајакнување на турската демократија.
"Оваа одлука ја гледаме како најдобар чекор кој ќе ја зајакне нашата волја за решавање на проблемите во рамките на демократијата и правото", рече Ердоган на состанокот со членовите на неговата партијата во парламентот.
Партијата на правдата и развојот на Ердоган ја оспори тесната победа на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу во Истанбул тврдејќи дека имало нерегуларности и корупција на гласањето.