Кинеска делегација во Вашингтон на нови трговски преговори
Министерството за трговија на Кина соопшти дека делагација предводена од вицепремиерот на Државниот совет на Кинеската Народна Република, Лиу Хе, в четврток ќе пристигне во Вашингон на нова рунда преговори со САД.
Посетата на високо ниво значи дека кинезите се загрижени по сериозната намера на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми царините за увоз на низа кинески производи, пишуваат американските медиуми. Според Вашингтон, Кина не ги исполнила претходно договорените обврски. Затоа на почетокот на месецов администрацијата на Трамп ја заостри реториката во однос на трговијата со Кина.