Рама побара од Могерини почеток на преговорите со ЕУ
![Рама побара од Могерини почеток на преговорите со ЕУ](https://gdb.rferl.org/A136C3D2-D013-4E92-95B2-ACD5004B4420_w800_h450.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес-конференција со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека Албанија ја извршила домашната задача и заслужува почеток на преговори за членство во ЕУ.
“Убедени сме дека ги направиле сите домашни задачи. Албанија зборува со јазикот на резултатите и заслужува почеток на преговори”, рече Рама.
Могерини изјави дека Албанја ја има целосната нејзина поддршка, но оти треба да се убедат земјите-членки да ги признаат резултати на Албанија. Таа ја повика опозицијата да не врти грб на сопствената улога, додавајќи дека „граѓаните не треба да бидат лишени од нивниот избор за претстојните локални избори”.
Таа додаде дека лично и со нејзиниот институционален капацитет дала позитивни пораки, што според неа ќе се одразат во пакетот на ЕК кој ќе се усвои на крајот на овој месец, а потоа „топката ќе премине кај земјите членки“.
На новинарско прашање околу тоа кој е неговиот став во врска со идејата за промена на границите меѓу Косово и Србија, Рама рече дека тоа е „ лага од огромни размери и опасна будалаштина“.