Избрани нови тела во албанскиот парламент
![Избрани нови тела во албанскиот парламент](https://gdb.rferl.org/6360C4C6-8AC8-48EA-A61B-5EBC3A54CB5A_w800_h450.jpg)
По пополнувањето на повеќе од половината пратенички места од кои се откажаа пратениците од обединетата опозиција, а на нивни места дојдоа нивни сопартијци кои се наоѓаа подолу на кандидатските листи, албанскиот законодавен дом на денешната седница избра нов протпретседател, како и претседатели и потпретседатели на парламентарни комисии.
Од денескa потпретседател на Парлaментот е Мислим Мурзи, кој доаѓа на местото на Еди Палока од Демократската партија(ПД), додека координаторката на новата пратеничка група на истата партија, Рудина Хајдари е избрана за претседателка на парламентарата комисија за евронтеграција.
Во Парламентот досега пополнети се речиси 70 отсто од пратеничките мандати на опозицијата, односно 37, со што во Pарламентот има 116 пратеници од вкупно 140. Оние кои се согласија да бидат во Парламентот, не се поштедени од разни навреди од страна на нивните матични партии кои ги етикетираат како предавници.