ЕУ со декларација за одбрана на демократијата и владеење на правото
![ЕУ со декларација за одбрана на демократијата и владеење на правото](https://gdb.rferl.org/52173549-7DE2-4C95-8914-E5A8E0D2FF02_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Лидерите на ЕУ кои присуствуваа на неформалниот самит во Романија усвоија декларација во која ги истакнуваат обврските за реформи во различни области и во која ветуваат дека ќе ја бранат демократијата и владеењето на правото.
Британската премиер Тереза Мај не присуствува на самитот во градот Сибиу, каде се разговара и за курсот на ЕУ по заминувањето на Велика Британија. Самитот се одржува на две недели пред изборите за Европскиот Парламент во кој може да бидат избрани популистички и евроскептични партии кои може да имаат поголемо влијание во носењето одлуки.
„Ние ќе продолжиме да го заштитуваме нашиот начин на живот, демократија и владеење на право“, се наведува во декларацијата која има 10 точки.
Во неа се порачува дека Европа ќе се брани од сите страни, обединето и ќе ги штити сите граѓани и ќе се грижи за нивната безбедност.