Курц предлага казни за членките на ЕУ поради мигрантите
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, најави дека за земјите од Европската Унија, кои примиле голем број мигранти и имаат големи долгови, а немаат проблем да земаат пари од другите, Унијата ќе претстави план да бидат казнети поради заобиколувањата со кои му пристапуваат на проблемот со бегалците.
Курц предложи реформа на Спогодбата на ЕУ и наведе дека Унијата работи на воведување мерки, како што се казни за земјите членки што не вршат правилна регистрација на мигрантите или ги зголемуваат бројките за мигранти, пренесе „Ројтерс“.
Тој објасни дека планира да го претстави својот план пред лидерите на ЕУ на состанокот во Романија. Иако Курц не напомена за кои земји конкретно станува збор, агенцијата информира дека неговите коментари се јасно насочени кон земјите членки на ЕУ од југот на Европа.