Американски бомбардери пристигнаа во воената база во Катар
Американските воздухопловни сили потврдија дека бомбардерите Б-52 кои беа испратени од Белата куќа во Персискиот Залив со цел да се спротивстават на неодредени закани од Иран, пристигнале во воздухопловната база на САД во Катар.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не соопшти детали за какви закани станува збор. Иранските власти вчера соопштија дека нема повеќе да ги почитуваат одредбите од нуклеарниот договор со светските сили, откако САД воведоа нови санкции против земјата.