На инаугурацијата на Пендаровски ќе присуствуваат Радев, Мета и Тачи
До крајот на денот се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери и официјално за недела напладне да ја закаже седницата за инаугурација на новиот македонски претседател Стево Пендаровски.
Џафери за МИА посочува дека досега потврда дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.
Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.
Покани за присуство на инауграцијата преку Министерството за надворешни работи се испратени до сите шефови на држави членки на НАТО и ЕУ, вклучувајќи ги и претставниците на Европската комисија, како и од земјите од регионот.