Најмалку 70 мигранти се удавија во морето кај Тунис
![Најмалку 70 мигранти се удавија во морето кај Тунис](https://gdb.rferl.org/8FA0D1D6-CB74-4873-9041-5109040AAFD2_w800_h450.jpg)
Најмалку 70 мигранти се удавија, а 16 беа спасени, откако нивниот брод потона во меѓународни води во близина на Тунис, објави државната туниска новинска агенција. Бродот се упатил кон Европа од Либија.
Преживеаните 16 луѓе биле спасени од рибарски бродови. Не се соопштени други детали.
Агенцијата за миграции на ОН соопшти дека загинале најмалку 50 луѓе, но потврди дека 16 луѓе биле спасени.