Почина и вториот албански воен старешина кој беше повреден во Летонија
И вториот албански старешина што на 6 мај при демонтирање на мини во Летонија беше тешко повреден почина доцна синоќа, изјави албанската министерка за одбрана, Олта Џачка.
Тоа е мајор Клодиан Никола Тануши, командант на албанскиот контингент, што е дел од групата за демонтирање на мини во Летонија, во рамки на мисијата на НАТО во оваа земја. Тануши е роден во Пешкопеја на 31 октомври 1980 година, оженет и татко на три малолетни деца.
Во експлозијата животот го загуби каплар Зарифе Мухарем Хасанај (27), која Владата ја прогласи „Херој на татковината“ а со сите почести беше погребана вчера на гробиштата „Народни херои“ во Тирана. Со одлука на владата вчерашниот ден беше прогласен за ден
на национална жалост.
Повреден беше и нареднкот Јулиан Џеват Капај, кој е вон животна опасност.
Во мисијата на НАТО во Летонија албанските војници се две години.