Седумдесет земји против нуклеарната програма на Северна Кореја
Седумдесет земји членки на Обединетите нации ја повикаа Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма, која, според нив, претставува сериозна закана за мирот.
САД, Јужна Кореја, како и земји од Азија, Латинска Америка, Африка и Европа ја потпишаа декларацијата која беше подготвена од Франција.
Русија и Кина, двете клучни сојузнички на Северна Кореја, не го потпишаа документот.