Албанската опозиција повикува на протест, САД и ЕУ на воздржаност
![Албанската опозиција повикува на протест, САД и ЕУ на воздржаност](https://gdb.rferl.org/91056767-06BE-4366-92B8-373D03B9C89F_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Обединетата албанска опозиција денеска попладне ќе го одржи, како што го нарекува, четвртиот народен протест пред Владата во Тирана.
Протестот почнува во 18 часот и 30 минути, а според најавите од двете најголеми партии во обединетата опозиција, Демократската на Љуљзим Баша (ПД) и Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) на Моника Круемади, се очекува да биде најмасовен.
И на денешнот протест опозицијата ќе ги повтори веќе познатите барања, заминување на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.
За безбедноста ангажрани ќе бидат повеќе од 1.200 полициски службеници од сите сектори кои ќе бидат распоредени главно пред Владата, но и други значајни институции.
Вчера, ден пред протестот, како и пред претходните, Амбасадата на САД во Тирана, упати апел за воздржаност и искористување на демократското право на мирен протест. На воздржаност повика и евроамбасадорот Луиџи Сореца.
Претходните протести минаа во насилство, пробиени полициски кордони, многу чадни бомби и тврди предмети
фрлани врз полицијата, солзавец и водени топови како одговор на тоа, повредени најмногу полицајци, оштетени трговски објекти, возила и приведени лица.