Катругалос - грчки претставник на инаугурацијата на Пендаровски
![Катругалос - грчки претставник на инаугурацијата на Пендаровски](https://gdb.rferl.org/B3C3DDCB-584E-4F54-BD4B-49944EB40D4C_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Претставник на грчката Влада на инаугурацијата на Стево Пендаровски за претседател ќе биде министерот за надворешни работи Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, соопштуваат од грчкото МНР.
Претходно своето присуство на инаугурацијата на Пендаровски го потврдија претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово.