Лукашенко - Загадената руската нафта направи огромни штети
![Лукашенко - Загадената руската нафта направи огромни штети](https://gdb.rferl.org/FB572A14-9CE8-4074-A154-98D3AE24BCC2_w800_h450.jpg)
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека огромни се трошоците за штетите предизвикани од контаминираната нафта добиена преку рускиот нафтовод „Дружба“. Тој рече дека Белорусија очекува компензација од Русија.
Оштетен е гасоводот, цевките, опремата, вели Лукашенко. Тој вели дека се очекува трошоците да изнесуваат стотици милиони долари и дека се надева оти Русија нема да ги оспори трошоците.
Русија кон крајот на април го прекина протокот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ поради загадена сурова нафта.
Нафтоводот пренесува нафта од Русија и Казахстан преку Белорусија до рафинериите во Полска, Германија и Словачка.