Во Белград се одржа 23 граѓански протест „1 од 5 милиони“
„Не сме тука поради партиите, ниту поради Америка, Русија или Европа, ние сме тука заради нас, порачаа граѓаните во Белград на вчерашниот 23-ти протест “Еден од пет милиони”.
Откако пред Теразијска чешма на граѓаните им се обратија адвокатот и претседателот на Правниот совет на Народната партија Владимир Гајиќ и актерот Ханџи Ненад Маричиќ, граѓаните започнаа протестна прошетка низ централните градски улици, преку зградата на
РТС до претседателската палата во „слободната зона“ во Пионерскиот парк, каде што од минатата саботоа секојдневно во импровизиран шатор дежураат претставниците на опозициските партии. Протестната прошетка заврши во „слободната зона“ каде што на граѓаните им беше прочитан „Дневникот на слободна Србија“.
Слободната зона е создадена на претходниот протест, и е место каде што граѓаните можат да разговараат со опозициските општински советници и пратениците на Народното собрание.
Засега меѓу опозицијата и власта на Александар Вучиќ се уште нема никаква меѓусебна дискусија.
Протестите во Белград кои траат повеќе од пет месеци започнаа на 8 декември, откако лидерот на движењето Левица, Борко Стефановиќ, беше претепан пред почетокот на форумот на Сојузот за Србија во Крушевац.