Опозицискиот протест во Тирана прерасна во насилство
Фрлање молотови коктели врз Владата, Парламентот и полицијата, запалени прозорци, влезната и задната врата на Владата, повредени најмалку 15 полицајци, пробиени полициски кордони, многу димни бомби фрлени во правец на полицијата, употреба на солзавец и водени топови за разбивање на демонстрантите, уништен општествен имот, повеќе од 50 лица приведени, е најкусиот биланс за синоќешниот протест на обединетата албанска опозиција во Тирана, кој е најнасилен досега.
Претседателот Илир Метаповика на воздржаност и дистанцирање од насилни акти врз полицијата. И американската амбасада во Тирана повика на воздржаност и го осуди насилството. Мисијата на ОБСЕ го осуди насилството и порача дека одговорноста треба да ја сносат организаторите. Апел за смирување на состојбата упати и албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши.
Премиерот Рама реагираше преку Твитер каде напиша дека „пожарот на Владата не и причинува ни најмала шетата, туку и причинува штета на Албанија“, нарекувајќи ја притоа политиката на опозицијата, „слепа политика“.
Ова беше четврти по ред масовен протест на опозицијата годинава.