Иванов: само сплотени ќе имаме успешна Македонија
Досегашниот претседател Ѓорге Иванов, кој попладнево во вилата „Водно“ му ја примопредава функцијата на неговиот наследник Стево Пендаровски, објави статус на својот официјален фејсбук профил.
Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминатите 10 години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на граѓаните за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија, пишува Иванов.
Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува, порачува тој.