Иванов ја напушти вила „Водно“, Пендаровски нов нејзин станар
По два 5- годишни мандата на функцијата претседател на државата, Ѓорге Иванов попладнево ја напушти претседателската вила „Водно“. Тој беше испратен од новиот шеф на државата Стево Пендаровски, кој беше инаугуриран на седница на Собранието.
Иванов и Пендаровски претходно одржаа средба, по која се сретнаа и со вработените во претседателскиот кабинет.