Жбогар со надеж за соработка, Пендаровски очекува преговори со ЕУ
Евроамбасадорот Самоел Жбогар по денешната средба со претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“ изрази надеж за успешна соработка соработка во деновите и месеците што претстојат за интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Тој порачал и дека е охрабрен од пораките на Пендаровски за помирување, за подавање рака и за обединување на сите политички сили во земјата.
Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека почетокот на преговорите за членство на земјата во ЕУ е заслужен и неопходен со цел поттикнување на севкупните реформи и унапредување на политичката култура во земјата.
Тој изразил очекување дека лидерите на членките на Унијата ќе бидат принципиелни и доследни на дадените ветувања и ќе го валоризираат сработеното.