Германија предупредува на напади на ИД во Европа
![Германија предупредува на напади на ИД во Европа](https://gdb.rferl.org/39936FF7-7D90-42D7-930E-F835B928FCE4_w800_h450.jpg)
Германското разузнавање предупредува на напади на милитантната група Исламска држава во Европа. Директорот на Федералната служба за заштита на Уставот Томас Ханделванг изјави дека организацијата продолжува да дејствува, а пример за тоа се нападите во Шри Ланка.
Според него, продолжува ширењето на пропаганда од страна на поддржувачите на Исламската држава и таа пропаганда повикува на напади врз цели на Запад.