Тивкиот убиец од ОХИС
Меѓународна компанија ќе го отстранува линданот од депониите на ОХИС во Скопје, процес за кој ќе бидат потребни десетици милиони евра, велат од Министерството за животна средина. Истражувањата покажуваат дека 470.000 жители на Скопје секојдневно се изложени на историски натрупаниот пестицид.