Јанева: Одговорност за разрешницата на предметите на СЈО е кај судството
![Јанева: Одговорност за разрешницата на предметите на СЈО е кај судството](https://gdb.rferl.org/ED58F044-F941-4D0F-B61D-00C80921BBBA_w800_h450.jpg)
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска изјави дека одговорност за разрешницата на предметите кои ги отвори СЈО, треба да се бара во судството. Таа вели дека СЈО е само орган кој гони, а во суд има предмети кои се предадени пред речиси две години и се уште се без одлуки.
„Вината за тие работи треба да се бара во судовите“, рече Јанева, во изјава на настанот „Реформски бенчмаркови: Дали имаме реформи и зошто не?“
Мандатот на Јанева завршува на 15 септември, но ако сега се донесе нов закон, таа посочи дека не и истекува мандатот. Доколку има реизбор на функцијата, Јанева порача дека повторно ќе конкурира, оти го заслужува тоа место.
Таа истакна дека не може да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за решавање на судбината на СЈО, оти како што рече, тоа е политичка работа и таа не е во тек со политичките настани.