Судири на протестите против изградба на црква во Русија
Полицијата се судрила со демонстрантите на протестите против плановите за изградба на црква во градот рускиот град Екатеринбург. До судирите дошло кога демонстрантите се обиделе да ја отстранат заштитната ограда околу просторот за изградба на црквата.
Проектот за изградбата на црквата е од 2010 година, а предизвика контроверзии, бидејќим, според демонстрантите, новиот објект ќе го лиши градот од рекреативен и зелен простор