Американското обвинителство отвори случај за истрагата за руското влијание
![Американското обвинителство отвори случај за истрагата за руското влијание](https://gdb.rferl.org/68331C7B-0269-4E23-AB57-6F637E7A0ED5_w800_h450.jpg)
Американскиот јавен обвинител Вилијам Бар назначил обвинителот Џон Дурхам од Конектикат да ја предводи истрагата која треба да утврди дали собирањето на разузнавачки информации за руското влијание во изборната кампања на претседателот Доналд Трамп било спроведено на законски начин, јави Асошиејтед Прес.
Трамп повика на отворање на таква истрага и порача дека наодите за руското влијание биле „лов на вештерки“ од страна на неговите противници. Тој исто така го обвини министерството за правда и ФБИ за нелегално шпионирање на неговата кампања. Во меѓувреме критичари на Бар го обвинија дека работи во интерес на претседателот, а не во интерес на правдата.