Средба на Помпео и Лавров во Сочи
![Средба на Помпео и Лавров во Сочи](https://gdb.rferl.org/55CF6AA8-0729-41E7-B8BC-823B93FCA5F9_w800_h450.jpg)
Американскиот државен секретар Мајк Помпео му кажа на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека е посветен на подобрување на односите со Русија. Помпео ова го кажа на почетокот на разговорите со Лавров во руското одморалиште Сочи денеска, пред најавената средба со рускиот претседател Владимир Путин што е прва од највисок ранг по онаа на Путин и Трамп во Финска во јули 2018 година. Помпео рече дека Русија и Соединетите Американски Држави може да не се согласат за се, но дека има простор за соработка, најмногу во областите на борба против тероризмот и во неширењето на нуклеарното вооружување. Лавров, пак, изрази надеж дека ова е време страните да изградат нов, поодговорен и конструктивен модел за заедничко гледање еден кон друг.