САД со зголемено воено присуство во Перскискиот Залив за одбранбени цели?
![САД со зголемено воено присуство во Перскискиот Залив за одбранбени цели?](https://gdb.rferl.org/D96A48DA-8010-49EB-BB08-836F294F5C3F_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук денеска изјави дека САД им укажале на нивните европски сојузници дека зголемувањето на нивното воено присуство во Персискиот Залив е одбранбен чекор кој е направен како резултат на бројните закани кои доаѓаат од Иран. Тој посочи дека американскиот државен секретар Мајк Помпео таа порака вчера им ја пренел на европските лидери.
„Ние не се подготвуваме за борба“ изјави Хук за РСЕ.
Хук ја даде изјавата откако Њујорк Тајмс јави дека Белата куќа ги разгледува воените планови со кои би можеле да се распоредат 120 илјади војници на Блискиот Исток доколку Ирак ги нападне американските сили или ја забрза својата работа на нуклеарната програма.
„Доколку ние не распоредиме средства за да се одбраниме, тоа би било неодговорно“, додаде Хук.