Полска предложи поблиски односи на Источното партнерство со ЕУ
Министерот за надворешни работи на Полска побара подобрено Источно партнерство вклучително и поблиски односи со Европската унија и создавање на слободна трговска зона меѓу шесте земји членки на партнерството. Министерот Јацек Чапутович ова го кажа денеска, зборувајќи во Брисел, на конференцијата со која се одбележува десет години од формирањето на источното партнерство во кое се Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија и Украина. Партнерството има за цел да им овозможи на овие земји поблиски односи со Европската унија без да им се гарантира членството во неа.