Меј: Британија нема да плаќа за пристап до европските пазари по Брегзит
Британија нема да плаќа за пристап до пазарот на ЕУ откако ќе го напушти блокот, изјави британската премиерка Тереза Меј, чија влада преговара со Лабуристичката партија со цел да се најде компромис за усвојувањето на Брегзит во Парламентот. Таа исто така е под притисок од нејзината партија да не го прифати барањето на опозицијата за царинска унија со ЕУ по Брегзит.
„Со напуштањето на ЕУ ние ќе ставиме крај на слободното движење, ќе ја вратиме целосната контрола врз нашата имиграциона политика, ќе отвориме нови трговски можности низ светот и ќе завршат деновите на испраќање на огромни исплати на Европската унија“, посочи Меј.