ЕК со нова стратегија за соработка со земјите од Централна Азија
Европската комисија денеска усвои нова стратегија за Централна Азија со цел креирање на, како што се наведува, посилно, модерно и неексклузивно партнерство со поранешните советски земји во регионот кои сакаат да ги подобрат односите. Во документот на 16 страни е наведено што сака ЕК да постигне во наредните години во Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан о Узбекистан.
Во стратегијата се наведува дека „додека се почитуваат аспирациите и интересите на секој од партнерите во Централна Азија, како и одржувањето на потребата да се разликува меѓу специфичните ситуации во земјата, ЕУ ќе се обиде да го продлабочи својот ангажман со оние земји од Централна Азија кои сакаат и можат да ги интензивираат односите ".