Директор во Роскосмос кој бил под истрага ја напуштил Русија
Генералниот директор на рускиот Истражувачки институт за вселенска технологија, Јури Јаскин ја напуштил земјата за време на ревизијата на неговата работа. Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека Јаскин службено отпатувал во странство минатиот месец и од тогаш не се вратил во земјата.
Од институтот соопштија дека тој поднел оставка од функцијата додека бил во странство. Рускин работел во истражувачкиот институт од 1993 година, а директор станал во 2012 година. Руските власти од почетокот на годинава започнаа 14 одделни ревизии и истраги за работата на институтот.