Спасовски: Случајот со пратеникот Богоевски ќе биде третиран како секој друг
![Спасовски: Случајот со пратеникот Богоевски ќе биде третиран како секој друг](https://gdb.rferl.org/51BD192D-EE77-4538-9FBC-5371DCC774A9_cx0_cy2_cw77_w800_h450.jpg)
За случајот со пратеникот Павле Богоевски покрената е постапка и полицијата ќе го третира како и секој друг случај, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски додавајќи тоа што Богоевски има функција не е никаква предност, туку напротив дека тој има поголема одговорност.
„Затоа ниту јас, ниту колегите од МВР, немаме никаква причина да не постапувбаме за овој случај на начин како и за сите други случаи. Се работи за настан кој е во истрага, но и јавноста знае дека не станува збор за разговор што бил прислушуван од страна на институциите, туку бил снимен со мобилен телефон или друг уред. Добро е сето тоа да се расчисти затоа што сакаме да застанеме на патот на злоупотребата на снимањето и нарушувањето на приватноста на било човек“, вели Спасовски.
Тој додава дека пр крај е истрагата за сличниот случај во Прилеп со прислушувани разговори и оти деновиве очекува да биде поднесена крпична пријава.